Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАДРЖЕТЕ ЈА МАСКАТА, ТРГНЕТЕ ГИ ОЧИЛАТА!

ЗАДРЖЕТЕ ЈА МАСКАТА, ТРГНЕТЕ ГИ ОЧИЛАТА!

Коронавирусот наметна нова реалност и многу нови предизвици во поглед на комуникација, начин на живот и однесување. Дистанцата, носењето маски, миењето раце и дезинфекцијата стана секојдневие и наша реалност.

Но, носењето маски дополнително го усложни носењето на очила.

Покрај сите проблеми, сега уште дополнително постојаното замаглување на очилата го усложни нивното носење. Промените на температурата, заштитната опрема за лице и зимската опрема се едни од вообичаените причини за замаглување на очилата. Исто така тие може да бидат основа (стаклата) на која може да се задржи вирусот особено ако се престојува во заразена средина и со нивно допирање да го шириме вирусот. Се ова донесе дополнителни обврски околу одржувањето на очилата во секојдневието.

Можеби токму сега е време да се размисли за ласерска корекција на диоптрија.

Таа може трајно да ги реши сите овие проблеми!

Ласерската корекција на диоптријата се потврди како успешна метода за брз, безболен,  безбеден и траен начин да се ослободите од очилата или од контактните леќи. Систина Офталмологија заедно со групацијата Свјетлост во последните 15 годии имаат оперирано повеќе од 80000 очи со ласерската корекција на диоптрија. Таа,  всушност,  се однесува на ласерско ремоделирање на рожницата, која може да се направи со две методи во зависност од тоа врз кој дел од рожницата се изведува (површина на рожницата – PRK или средина на рожницата – LASIK).  Покрај ласерска корекција, за пациентите со висока диоптрија рефркативната грешка се корегира и со вградување посебни интраокуларни леќи (ICL).

Таа се препорачува на пациенти на возраст над 18 години. Окото треба да биде здраво односно да нема други придружни заболувања. Диоптријата треба да биде стабилна, да не се менува во текот на последните 12 месеци.

За жал не секој е кандидат за ласерска корекција на диоптрија. Дали некој е кандидат тоа може да се утврди на самиот преглед во болницата.

Гаранција за успешноста на интервенцијата е деталниот преглед за ласерска корекција на диоптрија. Врз основа на пентакам анализата и останатите испитувања се анализира дали кандидатот ги исполнува сите критериуми потребни за да ја направи оваа интервенција. Во случај кога не сте кандидат, нема потреба од обесхрабрување, има и други решенија за успешно решавање на вашиот проблем, како на пример интервенциите со мултифокални леќи.

Самата интервенција е кратка, трае петнаесетина минути за двете очи. Таа се изведува со ласер кој е компјутерски контролиран, зраците ги насочува на точно определено место и држачот на очните капаци во текот на интервенцијата го спречува трепкањето на окото. Исто така, многу е важно да се обратите кај искусен хирург во оваа област кој располага со современа технологија. Во Систина Офталмологија се работи со нова технологија и специјализирана апаратура која овозможува  максимална  сигурност во текот и по ласерската корекција на диоптрија.

Видот се подобрува само неколку часа по интервенцијата и проследен е со минимален дискомфорт.  По интервенцијата, пациентот си оди дома и потребно е да става капки околу една недела.  Во текот на првите 24 часа не треба да вози. Во текот на следните неколку недели треба да се избегнува прашина, триење на очите, напорни вежби или контактни спортови - пливање и сл. 

За жал повеќето пациенти сметаат дека со ласерската корекција на диоптрија се отстранува само диоптријата. Тоа е точно но, со ласерската корекција на диоптрија се решаваат и сите неправилности на рожницата, па така се отстранува и +-6 цилиндер (астигматизам).

Систина Офталмологија ги следи сите безбедносни препораки во услови на Covid -19.  Детално за сите безбедносни мерки погледнете го линкот https://sistinaoftalmologija.mk/kovid-19

Пр објава

Слично

Поврзани вести