Задолжителни прегледи: пациенти на готовс, лекарите на допинг, како да се заврши целата работа?
Со измените на договорите на матичните лекари со Фондот за здравство, лекарите ќе мораат годишно да прегледаат половина од пациентите од 14 до 65 години инаку Фондот ќе им скрати од парите за партиципација. Или согласно договорите ќе мораат да ги прегледаат сите свои пациенти од таа возраст во следните две години. Дел од лекарите реагираат на новите норми и велат дека не само што нема да успеат да ги прегледаат пациентите, туку и кај граѓаните ќе создадат револт поради непланираните давачки за прегледи. Здружението на приватни лекари од Куманово сега од Фондот за здравство бара да се продолжи рокот за преглед на пациентите од две на четири години, бидејќи наместо позитивен ефект мерката ќе има повеќе негативни ефекти.
Не сме против превентивните прегледи, тие се всушност и законска обврска, но ќе треба телефонски или по пошта да ги повикаме пациентите, да ги упатиме на лабараториски испитувања, да пополнат обрасци за бубрежна, шеќерна болест, кардиоваскуларни заболувања и да ги упатиме на повисоко ниво за специјалистички прегледи. Со пролонгирање на рокот ќе се минимизира незадоволството кај пациентите и ќе се растерети чекањето во ординациите – вели Фатмир Асани, претседател на матични лекари во Куманово.Асани објаснува дека Секоја ординација која на пример има 800 пациенти ќе мора на прегледи да повика 400 пациенти, догишно. Поради зголемување на обемот на работа лекарите ќе бидат приморани голем дел од своето работно време да го посветат на овие превентивни прегледи наместо на другите, неретко да остануваат прекувремено без никаков надомест. Фондот преговара со здружението, здружението подготвува реакција Од Фондот за здравство за Фактор велат дека до нив не дошла никаква иницијатива за измена на договорите и затоа не можат ништо да коментираат во однос на кумановските лекари. Претседателката на здружението на приватни лекари пак објаснува дека и тие на ниво на здружение подготвуваат реакција во однос на поставените цели од Фондот. Др. Лили Чолакова - Дервишова сепак вели дека нема да бараат зголемување на рокот за прегледи, туку менување на обрасците кои мора да се пополнуваат при прегледите, бидејќи според неа така ќе може да се исполни нормата на Фондот.
Тие обрасци се направени за специјалистички испитувања и не се прилагодени за употреба за матичните лекари. Верувам дека со нивна измена лекарите ќе можат да ги извршат потребните превентивни прегледи вели Др. Лили Чолакова – Дервишова - претседателка на здружението на приватни лекариКумановски лекари сепак велат дека имаат и други проблеми, се уште чекаат исплата на средства за месец Откомври од Фондот за здравство, и се жалат дека е поминат законсииот рок за исплата од месец дена. За ова Др. Лили Чолакова – Дервишова вели дека се работи за проблем со одредени административни процедури со Фондот, и додава дека доцнење има во уште два града. Сепак Чолакова – Дервишова вели дека се работи за проблем кој ќе биде надминат бргу, бидејќи со новиот начин на терзорска исплата на пари на лекарите, сите ќе ја добиваат капитацијата едновремено, а не како досега со доцнење во однос на еден град на друг. С.Р.
Слично
