Економија, финансии, бизнис

Контакт

Забранет ловот на дивеч во Полошко

Забранет ловот на дивеч во Полошко

Од денеска стапи во сила забрана за ловење дивеч на ловиштата во Полошко. Притоа  забраната не важи за прелетна и штетна дивеч, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Прелетната, согласно Законот за ловство, ќе може да се лови со поединечни дозволи, но само за викендите и државните празници, а штетната исклучиво со групни дозволи, односно во посебно организирани хајки.

„Зависно од видот на дивечот ловостојот ќе трае до август или октомври и секое негово непочитување ќе биде соодветно санкционирано со поднесување пријави и времено одземање на ловечкото оружје“, посочи Јосифовски кој укажа дека ловењето во период на ловостој е кривично дело за кое следи парична или затворска казна од една до три години.

Кривично дело е и ловење риба во период на забрана за кое сторителите ќе се соочат со парична или затворска казна од шест месеци до пет години.
Слично

Поврзани вести