Заборавете на „Chrome“ и „Firefox“ доаѓа Вивалди
Пазарот на интернет пребарувачи стана интересен со доаѓањето на новиот софтвер за сурфање. Настанал од кујната на некогашниот прв човек на Опера, а донесува напредни решенија за идните корисници.
Вивалди е минимилистички дизајн како и Операта ја има опцијата „Speed Dial“, односно пристапот на најпосетуваните сајтови од почетокот на страницата. Поседува голем број на алатки за корисниците кои повеќе се потпираат на тастатурата.
Во себе имаат вградена можност за блокирање на реклами, како и подесување на изгледот на страницата.
Исто така вградени се голем број на екстензии за полесно сурфање, клиенти за мејлови и нотес во кој може да запишувате директно од страницата.
За сите заинтересирани „Вивалди Бровсерот“ може да го превземете од овде.
