За значаен придонес во академското образование- плакета од УКИМ за Груевски
Македонскиот премиер Никола Груевски и ректорот на Југозападниот универзитет за финансии и економија од Ченгду, Кина, Зонгуи Жанг денеска добија плакети од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, за како што беше посочено, значајни остварувања и придонес во високообразовна научна и културна дејност и афирмација на УКИМ во земјата и во странство. Плакетите им ги врачи ректорот на УКИМ Велимир Стојковски, а по повод отворањето на кинескиот Институт „Конфуциј“ во рамки на Универзитетот за кој две години се водеа преговори меѓу кинескиот и македонскиот универзитет.
Груевски го честиташе основањето на Институтот и нагласи дека токму образованието и е значаен сегмент кој може да придонесе за јакнење на меѓусебните односи.
„Денес имам огромно задоволство да присуствувам на формирањето на Институтот „Конфуциј“ во Македонија чија цел е промоција и поддршка на изучувањето на кинескиот јазик и култура, воспоставување на наставата на кинески јазик во образовните институции. Денешниот настан е пример како сите ние можеме да дадеме придонес да се постави и зацврсти насоката на движење и развој на нашето образование, а со тоа и на Република Македонија“, изјави премиерот.
На институтот „Конфуциј“ ќе се изучува кинескиот јазик и култура и воспоставување на наставата на кинески јазик во образовните институции. На свеченото отворање на Институтот присутен беше и Ѓорге Иванов, македонскиот претседател.
„Овој институт е уште еден показател за одличните пријателски меѓу двете земји. Во рамките на соработката ќе има заеднички научно-истражувачки проекти, размена на професори, организирање на научни конференции, соработка и размена на публикации и универзитетски изданија“, истакна Иванов.
Слично
