ЗА УСПЕШЕН И ПРОДУКТИВЕН ДЕН: Овие работи продуктивните луѓе ги прават навечер
Pick the brain открива неколку најдобри совети за успешен и продуктивен ден пред вас кој можете да го постигнете со неколку вечерни ритуали. Угодете му на вашето тело и исчистете го умот како би собрале енергија за победа пред вас.
Негувајте го своето тело
Масажа пред спиење е идеална за добар сон кој влијае на зголемување на продуктивноста. Сепак, не може секој да се дозволи вакво уживање. Но можете од време на време да направите добра купка со ароматично масло, свеќи и опуштачка музика . Една од најдобрите работи кои можете да ги направите за себе е да си земете добар душек и јастук.
Организирајте се
Знаете дека утре ве чека напорен ден полн со обврски. Вечерта пред утрото одвојте неколку минути и направете план за денот пред вас. На тој начин со средени мисли ќе отидете на спиење. Ќе бидете помирни со помалку конфузија, можност да заборавите нешто или да се случи некоја непредвидена ситуација. Тргнете во новиот ден подготвени и следете го патот на успехот.
Исклучете се
И психички и физички. Затворете ги своите мисли за сите работи и вознемирувачки содржини пред спиење. Изгасете ги сите технолошки направи и не поминувајте време на социјалните мрежи и читајќи потресни вести. Нека времето пред спиење биде посветено на најблиските, добра книга или медитација и добра купка. Изгасете ги сите уреди половина час пред спиење.
Читајте
Читањето обезбедува извонреден сон, понекогаш и за само 15 минути. Покрај извонредните нови содржини кои ќе ги откриете книгата ќе ви помогне на работите да гледате од друг агол. Таа поттикнува креативност и комбинаторика кои, откако ќе преспиете, ќе се активираат на почетокот од вашиот нов ден.Медитација
Без разлика дали се работи за водена или стандардна медитација таа е вистински лек за умот и душата. Препуштете се на музиката и потсвеста и исчистете го организмот од негативни мисли, стрес, и секојдневни размислувања. Вашето тело ќе се обнови и добие потребна енергија за утрешниот ден, додека вашиот ум опуштено ќе потоне во сон и ќе направи простор за победи пред вас.
