За успех во животот потребна ви е само една особина
Тежнеете ли кон успех (а кој не тежнее) во животот, без разлика дали професионален, приватен, ќе ве расположи веста дека научниците ја откриле најважната особина која мора да ја поседувате е совесноста. Ако ја поседувате таа особина, тогаш само мора да се потрудите и истерате докрај.
Освен тоа, со совесноста не пронашле ниту една негативна особина која би ја поврзале, пишува магазинот Тајм, а позитивните особини кои таа ги опфаќа би биле- продуктивност, организираност, уредност и систематичност.
Со други зборови, да се биде совесен всушност значи да се биде темелен, внимателен и претпазлив, а истовремено вклучува желба за извршување на задачите.
Совесноста е доблест која се манифестира низ споменатите карактеристики, а подразбира и дисциплина, внимателност, предвидливост, способност на организација, внимателно промислување пред акција и амбиција.
Токму кај совесните луѓе најдобро може да предвиди бизнис успех. Но, не се работи само за работата-децата со висока совесност имаат подобри оцени во школо и на факултет, се поретко се инволвирани во криминал и подолго се во брак. Освен тоа, наводно и подолго живеат, имаат низок крвен притисок, и помала веројатност да заболат од Алцхајмерова болест.
