Економија, финансии, бизнис

Контакт

За првпат во Македонија „Bubble Football“ турнир

За првпат во Македонија „Bubble Football“ турнир

Ова лето, за првпат во Македонија, ќе се одржи Цевитана бабл фудбал што преставува нова и незаборавна адреналинска забава во којашто ќе се игра фудбал, а каде секој учесник задолжително на себе носи бабл топка. Правилата во Цевитана бабл фудбал се исти како и во регуларниот мал фудбал,координирани со судија, па сè што треба да направите е да создадете тим од пет играчи, да ги облечете бабл топките и слободно и забавно да се тркалате низ теренот, а притоа да бидете целосно заштитени. Бабл топката е проѕирна - костим топка на дување, изработена од 100% TPU материјал што не е токсичен и е безбеден за здравјето на оние кои играат.

Учеството во Цевитана бабл фудбал е бесплатно за сите кои ќе пријават тим на фејсбук страницата facebook.com/Cevitana.mk или ќе се пријават на лице место на настаните што ќе бидат организирани во повеќе градови во Македонија, почнувајќи од Струмица на 15-ти и 16-ти јули, 17, 18 и 19-ти јули во Дојран, 24 и 25-ти во Битола, 25-ти и 26-ти јули во Прилеп, од 30-ти јули до 9-ти август во Охрид и 29-ти и 30-ти август во Скопје.За учесниците следуваат многу изненадувања и интересни подароци.

витаминка

Спортската забава бабл фудбал е во организација на Цевитана и во неа може да учествуваат фудбалски ентузијасти на возраст помеѓу 15-45 години и не потешки од 90 килограми, организирани во тимови од по пет играчи. Оваа игра не се препорачува за лица со висок крвен притисок, срцеви мани, епилепсија, како и за трудници.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/9Cr1I0f-4rQ[/embed]
Слично

Поврзани вести