Економија, финансии, бизнис

Контакт

За првпат во Конгресот во САД се потврдува поддршката за Планот за автономија на Сахара

За првпат во Конгресот во САД се потврдува поддршката за Планот за автономија на Сахара

Републиканскиот конгресмен Џо Вилсон (Joe Wilson), заедно со колегите Карлос Курбело (Carlos Curbelo), исто така републиканец, и демократот Гери Коноли (Gerry Connolly), го поднесоа првиот и досега единствен Предлог до Домот на претставниците, со што тие ги истакнуваат врските меѓу Соединетите Американски Држави и Кралството Мароко, осудувајќи ја соработката меѓу сепаратистичкото движење на Полисарио и Хезболах, како и обидите на Иран за дестабилизација на Северна Африка.

„Кралството Мароко беше првата земја која формално ги призна Соединетите Американски Држави во 1777 година и остана силен сојузник и партнер за мир на Блискиот Исток и Северна Африка”,истакнува конгресменот Џо Вилсон на неговата официјална веб-страница, истовремено осудувајќи ги неодамнешните активности на Полисарио, терористичката организација основана од Иран.

Поднесениот Предлог го критикува Иран за обезбедување„парична и други форми на поддршка на терористички организации како што се Хезболах, кои САД ги имаат означено како (...) странска терористичка организација”,со што се укажува на намерите на Иран и Хезболах за дестабилизација на Северна Африка, што е спротивно на целите за национална безбедност на САД.

Предлогот исто така ја потврдува поддршката на Планот на Мароко за автономија, кој се опишува како„сериозен, реалистичен и кредибилен“, што претставува чекор напред кон остварување на аспирациите на населението од Сахара да ги водат своите работи во мир и достоинство. 

Текстот ги повикува Претседателот Трамп, Државниот секретар Мајк Помпео и Амбасадорот во Обединетите нации, да им помогнат на Обединетите нации за поддршка за мирољубив договор за окончување на конфликтот во Сахара, што е во согласност со позицијата на САД која планот за автономија го гледа како„сериозен, реалистичен и кредибилен“.

Слично

Поврзани вести