Економија, финансии, бизнис

Контакт

За предмети на гангстерот Ал Капоне платени 100 илјади долари

За предмети на гангстерот Ал Капоне платени 100 илјади долари

Познатиот гангстер Ал Капоне кој ќе остане како еден од најозлогласените во американската историја и натаму генерира огромен интерес кај јавноста. Затоа на аукцијата „Гангстери, адвокати и чувари на законот“ што се одржа викендов во Бостон се продадоа предмети на Ал Капоне за неверојатни суми, како што е неговиот џебен часовник и поема кој ја напишал додека бил во затвор.

Дијамантскиот џебен часовник произведен во Чикаго во 20-тите години на 20. Век што му припаѓал на Ал Капоне се продаде за 84.375 долари, а ракописот за музичката композиција што тој ја напишал во Алкатраз во 30-тите се продаде за 18.750 долари.

Купувачот остана анонимен, а од аукциската куќа „Bobby Livingston“ велат дека станува збор за колекционер на необични американски артефакти.


Слично

Поврзани вести