Економија, финансии, бизнис

Контакт

За откупени земјоделски производи исплата за 3 месеци

За откупени земјоделски производи исплата за 3 месеци
Рокот за исплата на откупени земјоделски производи од примарно и секундарно производство, се намалува од шест на три месеци. Ова денеска го најави заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски по работната средба со претставници на земјоделските здруженија. Рокот е скратен како резултат на направена измена во Законот за откуп на земјоделски производи само за лозарите, а се очекува истото да се направи и за другите земјоделски производители. Со измените во Законот се очекува исплата на сите производители да се изврши најдоцна 90 дена, од денот на предавање на производите. Досега се исплатени 60 отсто од винското грозје и не се очекува годинава да има проблеми со остатокот од исплатата.
Слично

Поврзани вести