Економија, финансии, бизнис

Контакт

За „Ниту едно дете да не расте само“ Новогодишна кампања на СОС Детско село

За „Ниту едно дете да не расте само“ Новогодишна кампања на СОС Детско село

Овој предновогодишен период кога наокoлу се шири весело расположение и радост,за децата претставува најубав дел од годината исполнет со многу љубов и подароци. За жал, за некои деца празниците се само уште еден потсетник на нивнатапразнина и осаменост.

Топол дом и грижа за децата без родителска грижа за празниците, е емотивната порака која оваа кампања на СОС Детско село силно ја пренесе на пошироката јавност. За НИТУ ЕДНО ДЕТЕ ДА НЕ РАСТЕ САМО, да поделиме љубов и радост на оние на кои им се најмногу потребни.

Линк видео:https://www.youtube.com/watch?v=igWVEDUzcHg&t=5s

 - Ова видео сакавме да биде јасен потсетник за важноста на семејството во животот на децата, особено во овие празнични мигови. Секое дете заслужува среќно и безгрижно растење. Во изминатите 22 години, СОС Детско село ги поддржува згрижувачките семејства за децата без родителска грижа да растат со љубов, грижа и семејна топлина.Искрена благодарност до сите граѓани кои земаа учество во оваа кампања, ја споделија и проширија оваа наша порака. Благодарност и до оние кои станаа наши СОС Пријателии овозможија и децата без родителска грижа да ја почувствуваат магијата на празниците.Се надеваме дека ова наше пријателство ќе продолжи и во иднина, бидејќи поддршката на децата без родителска грижа е потребна постојано, во континуитет. Само со посветена грижа ќе овозможиме нивна сигурна иднина – велат од СОС Детско село.

Овие празници нека бидат мотив повеќе за радост и добри дела. Секој од нас може да помогне во мисијата на СОС Детско село и да усреќи многу деца без родителска грижа. За ниту едно дете да не расте само, помогнете и донирајте преку веб-страницата на СОС Детско село.ПОМОГНИ И ТИ

ПР објава

Слично

Поврзани вести