За „Искачување на човечките ресурси на врвот“ ќе презентираат професорите од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Лесли T. Самози и Крис Лиасидес
Професорите Лесли T. Самози и КрисЛиасидес од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, ќе учествуваат на 9та Меѓународна конференција за човечки ресурси, со презентација на темата „Преструктуирање на позициите: Искачување на човечките ресурси на врвот“ што ќе се одржи на 31 мај и 1 јуни во Александар Палас хотел во Скопје.
Двајцата професори преку заедничка и интерактивна презентација ќе ја отворат темата за тоа како менаџментот со човечките ресурси повторно да се врати на врвот.

Тема на 9та Меѓународна конференција за човечки ресурси, е „Најдобрите HR решенија за соочување со предизвиците во брзорастечките индустрии”. Целта на настанот којшто веќе стана традиција, е локалната бизнис заедница, преку предавања и презентации од еминентни и реномирани имиња од деловниот и академскиот свет, да се запознаат со најактуелните теми од полето на човечките ресурси. Каков пристап треба да имаат кон своите вработени, на кој начин секогаш да бидат во тек со најновите, напредни техники и решенија во менаџирањето со човечките ресурси, кои се новите трендови се само дел од прашањатакои подеднакво ги засегаат и менаџерите за човечки ресурси и генералните менаџери на компаниите. Овие знаењаи напредни техники се посебно апликативни за брзорастечкитe бизниси и за компании со отворен менаџерскипристап.
Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ и оваа година се јавува како поддржувач на најголемиот и најважниот настан од полето на човечките ресурси, Меѓународната конференција за човечки ресурси, во нашата држава, со цел што подобра промоција и дистрибуција на знаење за најдобрите практики во областа на човечките ресурси.
Сите подетални информации за учество и регистрација може да се најдат на следниот линк.
