Економија, финансии, бизнис

Контакт

За европските образовни програми достапни се 1,77 милиони евра

За европските образовни програми достапни се 1,77 милиони евра

За 18% се зголемени средствата кои ги доби На­ци­о­нал­на­та агенцијата за европски образовни програми и мобилност, во однос на оние од минатата година. Агенцијата годинава на располагање има 1,77 милиони евра за реализација на европските образовни програми „Доживотно учење" и „Млади во ак­ци­ја".

Како што информираше ми­нис­те­рот за образование и наука Спиро Ристовски, а првата прог­ра­ма на располагање се 1,27 милиони евра, а за прог­ра­ма­та „Млади во акција" 504 илјади евра. Во однос на искористеноста, тој посочи дека лани се искористени 87 отсто од сред­ствата, додека оваа година 85%  уште во првите седум месеци. „До­се­га се донесени 111 решенија за грант на крајни корисници во вкупен из­нос од 1,5 милиони евра. Од нив, 89 грантови се поделени во програмата „До­жи­вот­но учење“' со 1,2 милиони евра и 22 гранта во програмата „Ле­о­нар­до да Винчи“. Во програмата „Млади во акција“ искористени се 317.000 ев­ра“, изјави Ристовски. Од министерството најавија дека следната година очекуваат зголемување на средствата и вклучување во поголем број на европски проекти, а посочија и дека нема да дозволат да се повтори случајот од пред 4 години кога поради незаконско делење пари и беше ставена суспензија на работата на Агенцијата.
Слично

Поврзани вести