Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ДЛАБОК ЏЕБ: Телефон кој чини над 11 илјади долари!

ЗА ДЛАБОК ЏЕБ: Телефон кој чини над 11 илјади долари!
Компанијата Верту е позната по своите луксузни мобилни телефони, чија цена често надминува десет илјади долари и кои се наменети само за најбогатите. Оваа недела Верту го претстави својот нов модел на смартфон Signature Touch чија продажба се очекува наскоро да почне на пазарот во Велика Британија и тоа по цена од дури 11,300 долари! Екипата на Верту себеси не се смета за технолошки, туку за моден и луксузен бренд, па затоа за нивните телефони не се толку важни опциите што ги нудат, туку дизајнот и скапоцените материјали од кои се изработени. Новиот Signature Touch е изработен од титан и обложен со кожа, а екранот од 4,7 инчи е направен од сафирни кристали. Работи на Гугл Андроид софтвер, има 64 ГБ меморија, 2ГБ РАМ, камера од 13 МП и стерео звучници со потписот на Бенг енд Олуфсен. Една од особеностите на Верту (покрај исклучително високите цени на нивните апарати) е и 24-часовна достапност на нивниот асистент, преку т.н Консиерж услуга, кој е достапен со притискање на само едно копче на телефонот. На Балканот досега е познато дека телефон од најскапите брендови на Верту има еден косовски политичар: КОСОВСКИ ПОЛИТИЧАР ИМА ТЕЛЕФОН ОД 14 ИЛЈАДИ ЕВРА!
Слично

Поврзани вести