Економија, финансии, бизнис

Контакт

За десет дена стартува поднесувањето барања за легализација на дворовите

За десет дена стартува поднесувањето барања за легализација на дворовите
Барања за откуп на дворовните места граѓаните ќе може да ги поднесат за десетина дена во рамки на последното продолжување на рокот за дополнителни девет месеци, најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески . - За 10 дена од денеска, граѓаните ќе можат веќе да поднесуваат документи за откуп на  дворни места по  едно евро од квадрат. Следната недела во Собранието ќе треба да помине Законот и ќе може да се поднесуваат документи, изјави Ставрески . Тој вели дека процедурата е едноставна. - Граѓаните ќе треба  само копија од лична карта и имотен лист  да донесат во подрачните единици за имотно правни работи, вели  министерот за финансии. Дополнителниот рок е девет месеци и апелира до граѓаните да ги откупат своите дворни места за едно евро по метар квадратен, бидејќи, како што рече, им се овозможува да станат стопани на својот имот и  еднаш за секогаш на најдобар начин да ги решат имотните работи.
Слично

Поврзани вести