Економија, финансии, бизнис

Контакт

За да го исклучите парното повеќе не ви е потребна согласност од соседите

За да го исклучите парното повеќе не ви е потребна согласност од соседите

Сите граѓани што сакаат да се исклучат од системот за снабдување со топлинска енергија во Скопје ќе можат да го направат тоа до крајот на месецов, а не до почетокот на грејната сезона како претходно. Сега не им е потребна ниту согласнот од соседите, како што налагаа претходните Правила за снабдување со топлинска енергија.

Уставниот суд неодамна ја укина одредбата со која станарите што сакаат да се откажат од услугата да добиваат топлинска енергија се задолжуваа да добијат согласност од сите станари во зградата. Со измените на правилата, кои во согласност со одлуката на Уставен ги направи Регулаторна, се овозможува секој што сака да се исклучи да може да го направи тоа до 31 август без согласност од соседите.

Досега 103 потрошувачи, од кои 20 деловни субјекти, побарале да бидат исклучени од парното на „Балкан енерџи груп“, а 37 побарале да се вратат во мрежата, изјави неодамна првиот човек на Регулаторна Димитар Петров.

Слично

Поврзани вести