Економија, финансии, бизнис

Контакт

За четири години милиониерите ќе поседуваат над половина од светското богатство

За четири години милиониерите ќе поседуваат над половина од светското богатство

До 2020 година милионерите ќе контролираат повеќе од половина од светското богатство. Ова го покажува новиот извештај на „Boston Consulting Group Global Wealth“.

Во 2015 година бројот на семејства кои поседуваат милиони во светот, се зголеми за 6% до 18,5 милиони. Генералното приватно богатство во светот, пак, се зголемило за 5,2% во 2015 година до 168 трилиони долари.

Излегува дека милионерите контролираат 47% од богатството на светот, а до 2020 година овој процент ќе достигне 52%. Најбогатите ќе заработат најмногу, особено во САД. Оние со над 20 милиони долари во САД ќе контролираат 29% од богатството на земјата до 2020 година во однос на 24% во 2015 година.

САД продолжуваат да имаат најмногу милионери - 8 милиони луѓе. Кина е на второ место со 2,1 милиони, следена од Јапонија - 1,1 милиони, и Обединетото Кралство - 961 илјади семејства.

Земјата со најмногу домаќинства кои поседуваат милиони, по глава на жител, е Лихтенштајн, каде 19% од домаќинствата се на милионери. Швајцарија е на второ место со 15%, проследена од Бахреин - 13%, и Катар - 12,7%. САД се на деветтото место со 6,5%.

Најсилен раст на милионерите во 2015 година има во Азија, каде милионерите се зголемиле за 17% до 3,6 милиони домаќинства. На второ место се наоѓа Западна Европа со 3,9 милиони, следена од Латинска Америка - 7% до 400 илјади. Во исто време Северна Америка го бележи најслабиот раст на бројот на милионери - под 1% до 8,4 милиони домаќинства. Од речиси 15 трилиони долари, кои се очекува да бидат генерирани до 2020 година, речиси 14 трилиони долари ќе дојдат од капитал, што ќе формира 69% од глобалното богатство во 2020 г.

Слично

Поврзани вести