Економија, финансии, бизнис

Контакт

За 78 дена со велосипед го обиколил светот

За 78 дена со велосипед го обиколил светот

Британецот Марк Бомонт собори Гинисов рекорд со тоа што за помалку од 80 дена го обиколи светот со велосипед и помина 29.000 км. 

Тој возел по 18 часа на ден при што поминал низ Полска, Русија, Монголија, Кина, Австралија и САД. 

Во понеделник патувањето го заврши пред Триумфалната порта во Париз и рече дека скоро воопшто и да не одел два и пол месеци. 

По девет дена од патувањето се повредил, скршил заб, и повредил лакт, но не се откажал. 

„Ме мачеше недостигот од сон. По долги недели и часови, во главата продолжив да се борам. Мораш да одлучиш дека никогаш нема да запреш“ - вели велосипедистот. 

Тој од Гинис доби сертификат за најдолго патување околу светот, но и за најдолга помината километража. 

Слично

Поврзани вести