За 75.000 долари до работ на вселената
Во 2016-та би започнале првите летови до работ на вслената чие искачување би траело еден и пол час, а летот најмалку два часа.
Доколку посакаат за викенд да отпатуваат до работ на вселената, богатите тоа задоволство ќе можат да си го дозволат за 75.000 долари. Според планот на компанијата „Ворлд вју“ е возење со балон до стратосферата (височина од триесетина километри), на која патниците неколку часа би можеле да уживаат во поглед на Земјата. Меѓутоа, во овој момент, се' уште чекаат одобрение од американската Сојузна управа за воздушен сообраќај. „Летови со вакви балони се технички изводливи, а се работи за лет со низок ризик“, изјавила за „Њујорк тајмс“ шефицата на компанијата, Џејн Појнтер. Капсулата е голема колку кабина на приватен млазен авион и може да дозволи сместување на најмногу осум патници, а внатре има и бар.
Слично
