Економија, финансии, бизнис

Контакт

За 40% повеќе пари за националните спортски федерации

За 40% повеќе пари за националните спортски федерации

Македонските спортски федерации ќе имаат на располагање за 40 отсто повеќе средства во однос на минатата година. Вкупната сума е 60 милиони денари и од денеска можат да конкурираат за средствата што преку АМС ги доделува Владата на Република Македонија.

На конкурсот за добивање на средства за субјектите кои реализираат програми од јавен интерес во областа на спортот од Програмата за развој на спортот и младите за 2013 година можат да аплицираат сите постоечки спортски федерации за партиципација во финансирање на врвниот спорт, стручна работа на службени лица, стручно усовршување на тренерите кои учествуваат во процесот на работа со спортистите, организација на традиционални манифестации, прворангираните клубови и талентираните млади спортисти.

Конкурсот на АМС за спортските федерации што е отворен денеска, завршува на 1 февруари, информираат од АМС.

Слично

Поврзани вести