За 3 години да се исполни категоризација на млекото по ЕУ стандарди
Сите одгледувачи на молзни крави до крајот на 2019 година, треба да ги исполнат условите за категоризација на млекото согласно ЕУ стандардите.
Агенцијата за храна и ветеринарство процесот го реализира од втората половина на 2015 година, а опфаќа прилагодување на производството во однос на три клучни критериуми: инфраструктура, хигиена на објекти, собирање и транспорт на млеко и критериуми за сурово млеко.
Ако по 2019 година некои од производителите не ги исполнат бараните критериуми, не ќе може да го продаваат млекото во преработувачките капацитети.
Вкупниот број микроорганизми во еден милилитар млеко на 30 степени целзиусови треба да биде до или помалку од 100.000, додека на соматски клетки до или помалку од 400.000.
Одгледувачите мора да имаат договор со ветеринарно друштво, кое ја спроведува годишната наредба за здравствена заштита на животните, што вклучува испитување на бруцелоза и туберкулоза. Сите грла добиток треба да се обележани, а сопственикот мора ажурно да го води фарм-регистарот и да ги почитува роковите на пријавување и движењата на животните.
Во државата има над 9.000 одгледувачи на молзни крави.
Слично
