За 17 дена научил странски јазик без помош: Дознајте ги неговите трикови!
Учење на јазик, посебно во возрасен животен период, не е лесно. Потребно е да се издвои доста време за вежбање, а кога се совладаат и основите, вокабуларот непрестајно треба да се надоградува и да се потсетуваат граматички и синтактички правила како наученото не би се заборавило.
Освен тоа, некои луѓе едноставно се склони на учење јазик, како што други се склони на разбирање математика или некој друг предмет кој му припаѓа на доменот на природните науки.
Одамна е познато дека најлесен и најбрз начин да се успее во тоа-посета на земја чиј јазик сакаме да го научиме, престој таму некое време и слушање и впивање од прва рака. На тоа отприлика се заснова и советот на Дејвид Бејли, кој на веб-страницата Quora дава одговор на прашањето како најлесно може да се научи странски јазик, пишува магазинот Тајм.
Дејвид успеал само за 17 дена да научи француски, и тоа доволно добро за секојдневна комуникација. Тоа се случило во 2005 година, кога ја посетил пријателката во едно мало француско село, каде престојувал во тие 17 дена и каде никој не знаел англиски јазик. За да го поттикне на учење, пријателката одбивала со него да зборува на англиски, па му се обраќала само на француски.
Воспоставил секојдневна рутина која му помогнала при учењето, а изгледала вака:
1. Пред пладне на хартија час и половина пишувал правилни и неправилни глаголи, бидејќи смета дека испишувањето со рака е најдобра математика.
2. Кога имал шанса, дури и за време на пишувањето глаголи, слушал аудио курсеви на учење француски јазик
3. Секое утро трчал 45 минути до еден час во природа и притоа слушал француска музика
4. Секојдневно разговарал со луѓе на кои францускиот јазик им е мајчин јазик, колку и да било тешко тоа.
5. Секојдневно читал книга на француски јазик. Бејли советува да земете книга која веќе сте ја читале, по можност детска, која нема вокабулар кој бара премногу.
6. Барем еден час дневно пишувал состави за самиот себе бидејќи заклучил дека при секое запознавање мора да одговара на прашања откаде е ,што работи, како му се допаѓа Франција...
7. Набрзо научил модерни зборови кои немаат вистинско значење (alors, en fait и слично). Луѓето ги изговараат во паузи помеѓу речениците и добро ќе ви дојде ако и вам ви притреба пауза во говорот.
Бејли после 17 дена се упатил во Париз, каде во кафе бар запознал една девојка и почнал да зборува со неа. Девојката го прашала колку долго живее во Франција а кога и одговорил се изненадила и рекла дека мислела дека барем година дена поминал во нејзината земја.
Можеби нема да станете експерт за странски јазик за толку кратко време, но овие совети секако ќе ви бидат од корист ако одлучите без професионална помош да научите некој странски јазик.
