Економија, финансии, бизнис

Контакт

„YouTube“ пушта своја социјална мрежа-Како ќе се вика и пoвеќе детали…Читајте!

„YouTube“ пушта своја социјална мрежа-Како ќе се вика и пoвеќе детали…Читајте!

Најголемата платформа за споделување на видео во светот наскоро може да се претвори во социјална мрежа, каде што корисниците ќе може да постираат слики и да си разменуваат текстуални пораки, пишува сајтот „Venture Beat“, според кој компанијата работи на проект со кодно име „Backstage“.

Според изданието социјалната мрежа ќе им овозможи на корисниците да ги претворат своите лични страници во вистински социјални профили и да објавуваат кратки пораки, да споделат слики и клипови, да додадат анкети и др.

Профилите ќе бидат поврзани со надворешни социјални платформи, кои ќе овозможуваат пренос на поставена слика на Facebook или Twitter, како и линкови кон Instagram.

Ако компанијата ја оствари својата идеја и го пушти проектот во акција, YouTube ќе надмине многу други социјални мрежи и ќе ги задржи креаторите на содржини, овозможувајќи им да работат целосно во YouTube средина.

Слично

Поврзани вести