Економија, финансии, бизнис

Контакт

WIZZ AIR ПРЕТСТАВИ 2 НОВИ И РЕОТВАРА 7 РУТИ ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

WIZZ AIR ПРЕТСТАВИ 2 НОВИ И РЕОТВАРА 7 РУТИ  ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија во Европа, денеска најавува постепено повторно отворање на 7 линии и воведување на 2 нови линии од Скопје и Охрид до дестинации во 7 земји, почнувајќи од март и мај. Местата за повторно отворените рути се веќе достапни онлајн на wizzair.com и преку мобилната апликација од дури 19,99 евра*.

Македонците повторно ќе можат да летаат од Скопје до Билунд, Бремен, Рим-Чампино, Турку и Векше и од Охрид до Фридрихсхафен и Меминген. Дополнително, Wizz Air ќе започне со работа на 2 нови линии – Охрид-Лондон-Лутон и Скопје-Малта. Овие рути се надополнуваат на постоечките од аеродромите во Северна Македонија до популарните дестинации. Така, македонските патници ќе можат да ги користат овие евтини услуги на Wizz Air до некои од највозбудливите градови во Европа.

За дополнителна сигурност, Wizz Air им препорачува на патниците да додадат WIZZ Flex на нивната резервација, за дополнителна заштита. Со тоа, патниците можат да изберат да патуваат на друг датум или до друга дестинација, како и да имаат можност да го откажат својот лет до 3 часа пред полетувањето без никаков надоместок и да добијат 100% од оригиналната цена на билетот веднаш вратени како кредити на авиокомпанијата.

Zsuzsa Trubek, менаџер за корпоративни комуникации во Wizz Air, изјави: „Со задоволство објавуваме дека повторно ги отвораме дестинациите и дека воведуваме сосема нови рути низ нашата мрежа, меѓу кои се 7-те повторно отворени услуги и другите 2 нови од Северна Македонија. Преку овие рути нудиме погодни дестинации за македонците по ниски цени. Со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на патниците кои повторно ќе патуваат на 9-те главни дестинации во Европа од Скопје и Охрид, почнувајќи од март и мај.”

ПОВТОРНО ОТВОРЕНИ И НОВИ WIZZ РУТИ


За Wizz Air 

Wizz Air, најбрзорастечката ниско-буџетна авиокомпанија вo Европа, управува со флота од 149 Airbus A320 и Airbus A321 авиони. Во Wizz Air, тим од авијациски професионалци нудат извонредна услуга и ниска цена на билетите и го прават Wizz Air подобриот избор за над 10.2  милиони патници во финансиската година која завршува на  31 Март 2021. Wizz Air котира на Лондонската берза под тикер: WIZZ. Компанијата неодамна беше именувана за една од десетте најбезбедни авиокомпании во светот од страна на airlineratings.com, единствена светска агенција за рејтинг на безбедност и производи, а неодамна беше именувана за „Европска авиокомпанија на годината – 2020“ од страна на ATW, најпосакуваната чест што може да ја добие една авиокомпанија или индивидуа, и најодржлива компанија во авионската индустрија во 2021 година од страна на World Finance Magazine.

*Цена во еден правец, вклучувајќи административна такса. Вклучена е една торба за носење (максимум: 40x30x20cm). Торба со тркалца и секое парче чекиран багаж се предмет на дополнителни такси. Цената важи само за резервации направени на wizzair.com и мобилната апликација WIZZ.

За повеќе информации:

Zsuzsa Trubek; Wizz Air Group; zsuzsa.trubek@wizzair.com

Follow us on Instagram: @wizzair

Follow us on Facebook: @wizzair

Follow us on Twitter: @wizzair

Слично

Поврзани вести