Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Windows 10“ нема да биде бесплатен за сите

„Windows 10“ нема да биде бесплатен за сите

Најновата верзија на оперативниот систем на Мајкрософт „Windows 10“  сепак нема да биде бесплатна за сите.

Надградбата за „Windows 10“  нема да биде бесплатна за потрошувачите и професионалните корисници на системот „Windows 7 Pro“ како и „Windows 8“ и  8,1 Pro, делумно наменети за независни корисници и мали и средни претпријатија.

Корисниците на верзијата „Enterprise“, меѓутоа, нема да можат тоа да го искористат. Во пораката објавена на блогот на Мајкрософт е наведено дека тие клиенти ќе бидат насочени кон програмот „ Software Assurance“.

Тие ќе плаќаат претплата за „Windows 10“ на долг период, објавено е денес на веб сајтот  datanews.levif.be.

Слично

Поврзани вести