Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВВ Тиквеш & Дуке Бојаџиев – Спој на врвни македонски вредности

ВВ Тиквеш & Дуке Бојаџиев – Спој на врвни македонски вредности

Пред претстојниот концерт на македонскиот композитор, пијанист и продуцент Дуке Бојаџиев, винарската визба,  „Тиквеш“ му посака добредојде на Бојаџиев со специјален подарок  - бело вино „Барово“, берба 2014 и црвено „Барово“, берба 2012 со специјална персонализирана етикета.

Винарската визба „Тиквеш“ и  големиот уметнички концерт  „Дуке и пријателите“, што ќе се одржи на 20-ти февруари во „Метрополис“ арената во Скопје, е природен спој на врвни македонски вредности, кои покажуваат дека квалитетниот и уникатен производ успешно го пронаоѓа своето место на интернационалните пазари. Вината на „Тиквеш“, како и музичкото творештво на Бојаџиев, веќе се етаблирани и признати во винскиот свет.

Бојаџиев работи и твори во светската културна метропола Њујорк, каде последниве години во елитните ресторани се застапени и врвните вина на „Тиквеш“, по високите оценки на винскиот критичар Роберт Паркер, што е прсудно за пласман на висококонкурентниот американски пазар.

Слично

Поврзани вести