Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вториот MINI ONE од МИНИ И МАКСИ отпатува за Тетово

Вториот MINI ONE од МИНИ И МАКСИ  отпатува за Тетово

 Пред салонот М -КАР  во Скопје Државна Лотарија додели  уште еден автомобил MINI ONE од инстант лозот МИНИ И МАКСИ.
Среќниот добитник на кој  ги предадовме клучевите од прекрасниот автомобил е Меридон Муртезани од Тетово.
Меридон ни ја раскажа неговата среќна приказна.
Имено, тој често купува инстант лозови, а на роденденот на неговата внука барајќи подарок за неа во трговскиот центар Палма мол во Тетово,  од  продажното  место на Државна Лотарија .


купиле само два лоза МИНИ И МАКСИ. Еден од двата лоза му донел три исти симболи и посакуваниот автомобил MINI ONE. 
Меридон пресреќен за добивката вели дека кој игра тој и добива и дека не престанува тука со игрите на среќа на Државна лотарија.
Тој го напушти салонот со новиот автомобил кој ќе го вози низ улиците на Тетово.

Инстант лозот МИНИ и МАКСИ во продажба е од 06.09.2019 година, a како главни добивки од овој инстант лоз се 10 автомобили  BMW X1 и 5 автомобили MINI ONE. 

Покрај автомобилите лозот нуди можност и за многу парични добивки. Не пропуштајте ја шансата за МИНИ инвестиција од 80 денари да дојдете до МАКСИ добивка со инстант лозот МИНИ и МАКСИ. 


Слично

Поврзани вести