Економија, финансии, бизнис

Контакт

Втора смена на шалтерите на ФЗО: Ќе важи за правни лица, ама ќе се примале и пациенти!

Втора смена на шалтерите на ФЗО: Ќе важи за правни лица, ама ќе се примале и пациенти!

Oд 2 јануари 2013 година,  на шалтерите во Подрачна служба Скопје,  се воведува втора смена, од 15 до 19 часот.Ќе функционираат трите шалтери - Архива, Издавање потврди за платен придонес (сини картони) и пријава и одјава на вработени и ќе се работи само со т.н. големи корисници, соопшти директорот на ФЗОМ Јован Грповски.

Оваа нова услуга е наменета за правните лица, а ќе работат шалтери за сметководствени бироа, приватните здравствени установи со кои Фондот има склучено договори, фирмите, другите правни лица и сите оние корисници на услуги од овој тип.

„Ова се корисници кои имаат редовна потреба од услугите на Фондот и редовно доаѓаат во Подрачна служба Скопје. Од друга страна, времето кое тие го поминуваат на шалтер е подолго во однос на физички лица, односно пациентите кои доаѓаат за еднократна услуга, како регистрација, вадење на некоја потврда или заверка и поради тоа се создава гужва по шалтерите“, објасни Грповски.

Тој информира дека предвидено е во прва смена да доаѓаат само физички лица и пациенти, но вели дека сепак, ако некој пациент дојде и попладне, нема да биде вратен назад.

Слично

Поврзани вести