Економија, финансии, бизнис

Контакт

Втора епизода на „Фчерашни новости“

Втора епизода на „Фчерашни новости“

„Фчерашни новости“ ексклузивно ве носи на митингот на најголемата политичка партија во Македонија – Партијата на неопределените! Одиме и на терен за да ви го покажеме најновот откритие на македонските археолози.

Следува уште една одлична епизода на нашите пародични вести. Во неа гледајте ја и првата дебата во студиото на „Фчерашни новости“ со тема „Урбана VS неурбана мафија“ заедно со Мартин Најтинајн и двајца специјални гости.

Втората епизода на „Фчерашни новости“ гледајте ја на Телма оваа недела, 27 ноември, во 19:10 часот.

Дотогаш, посетете ги нашите официјални страници:

Фејсбук:  https://www.facebook.com/FcerasniNovosti

Инстаграм: https://www.instagram.com/fcerasninovosti/

Јутјуб: https://www.youtube.com/channel/UC5_dpZJ3XmZ7RkcUvmtAG9w

„Фчерашни новости“ е хумористично-сатирична емисија, на која работи креативен тим предводен од  Бранко Огњановски, најпознат како Миле Паника од „К-15“.

Веќе втора сезона, во секоја епизода во околу 30 минути, преку призмата на хуморот и сатирата, се обработуваат актуелни теми од секојдневниот живот.



Слично

Поврзани вести