Економија, финансии, бизнис

Контакт

Втор скутер за една седмица

Втор скутер за една седмица

Со покачување на температурите, расте интересот за инстант  лозот Смајли со главни премии 35 скутери од познатиот италијански бренд "Piaggio". Зголемувањето на бројот учесници во оваа игра на среќа ги зголемува и шансите за постигнување на премија.

Нашата денешна добитничка е Невена Маневска од Скопје. И таа како и претходната добитничка на скутер, за прв пат купила инстант лоз и изгребала премија. Невена не играла игри на среќа, а како и многумина не верувала дека нејзе може да и се падне добивка. Но, при прошетка во Капитол мол во Скопје, погледот и застанал на атрактивното среќно место на Државна лотарија на Македонија каде е поставен скутер, па го избрала лозот со симбол на емотиконот СМАЈЛИ кој носи премија скутер.

smajli 1

Откако под полето за гребење се откриле три исти симболи и љубезните девојки на продажното место и потврдиле дека ова е добитен лоз, Невена се уверила во пораката на Државна лотарија на Македонија - Кој игра, тој добива.

Нашата најнова добитничка за прв пат купила само еден лоз и за 30,00 денари, не добила само скутер, туку и поголема верба во себе и својата среќа, што за неа е уште поголема придобивка.

Дали ќе продолжи да учествува во игри на среќа, ќе оцени самата, но сигурно е дека од сега повеќе ќе верува во својата среќата.

smajli 2

Државна лотарија на Македонија дава еднаква можност на сите со мали влогови да дојдат до парична или стокова добивка но и да купат повеќе верба во себе и својата среќа.

Слично

Поврзани вести