Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вселената често напаѓа: Еве како 556 астероиди паднале на земјата!

Вселената често напаѓа: Еве како 556 астероиди паднале на земјата!

Низ Земјината атмосфера од 1994 до 2013 прeлетале барем 556  астероиди, соопшти тимот кој стои зад програмот на детекција на небесни тела кои се наоѓаат во близина на Земјата, американската Национална вселенска агенција.

Сепак, повеќето „удари“ не оставиле никакви поголеми последици, што значи дека „атмосферата одлично не штити од помали астероиди“, рекол извршниот директор на програмот Линдли Џонсон.

Исклучок е настанот во Челјабинск, кога метеор повредил повеќе од 1000 и искршил прозори. Сепак, таа штета не е голема, ако имаме предвид како пустош зад себе би можел да остави поголем метеор.

„Ударите на астероид се многу ретки, но дури и еден би можел да има големи последици“, вели Д.р Ејми Мајнцер, заменик директорка на програмот NEOWISE.

Разумен пристап е, како вели таа, пронаоѓање на потенцијално опасни астероиди, пред да ни се приближат.

Еднаш во секои 5000 години по еден објект со големина на фудбалски стадион удари во Земјата и нанесе голема штета.

Еднаш во неколку милиони години објекти доволно голем да предизвика регионална или глобална катастрофа удари во нашата планета.

Слично

Поврзани вести