Економија, финансии, бизнис

Контакт

Врвни експерти од странство по роботика и композити ќе дебатираат со македонските колеги

Врвни експерти од странство по роботика и композити ќе дебатираат со македонските колеги
Истакнати експерти од земјава и странство деновиве ќе одржуваат предвања за достигнувањата во науката за современи композити и материјалите на иднината кои се применуваат во авионската и вселенската индустрија , во просториите на Институтот за современи композити и роботика на компанијата Микросам во Прилеп. -Самиот податок дека во Прилеп се собраа истакнати експерти од оваа област од повеќе земји, покажува дека Македонија веќе е значајна дестинација кога станува збор за композитните матерјали, изјави Драган Велјановски директор на институтот за современии композити и роботика. Овој семинар ќе заврши на 3 ноември, а истиот е наменет за инжинерите дизајнери во индустријата и на него ќе бидат изложени најновите достигнувања на Институтот и компанијата Микросам.
Слично

Поврзани вести