ВРТОГЛАВИ СУМИ: Колку е богата новата администрација во Белата куќа?
Обезбедени документи од Белата куќа откриваат милиони долари во средства и во сопственост од вишите службеници на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе ВВС. Така на пример Иванка Трамп, ќерка на шефот на државата, и нејзиниот сопруг Џаред Кaшнeр кои работат како советници на претседателот, имаат имот во вредност меѓу 240 и 740 милиони. Нивниот имот вклучува дел од хотелот „Трамп интернешнел“.
Финансиските документи ги следат детално и последните плати на големите фигури во новата администрација на САД. Тие се усогласени со етичките норми кои бараат обелоденување на платите во Белата куќа. Сениор советникот Стив Банон добил 191 илјади длари како консултантски хонорари од конзервативниот медиум „Бреитбарт“, во прилог на најмалку 1 милион долари други приходи од работен однос. Тој има и средства меѓу 3,3 и 12,6 милиони долари. Прес секретарот на Белата куќа Шон Спејсер добил 260 илјади долари во улога на директор за комуникации во Националниот комитет на Републиканската партија за време на предизборната кампања. Тој поседува и неколку недвижни имоти. Кели Конвеј, шеф на предизборната кампања на Доналд Трамп, заработил над 800 илјади долари од консултантските услуги. Гери Најт од „Голдман Сакс“ кој раководи со Националниот економски совет, поседува имот во вредност од најмалку 230 милиони долари.
Според внатрешни извори, вработените на Трамп имаат доста поголеми финансиски можности во споредба со екипата на неговиот претходник Барак Обама. Во оваа врска дури 25% од членовите на администрацијата се класифицирани како „многу богати“.
