Економија, финансии, бизнис

Контакт

Врнежите го наполинја езерото Младост, Вардар се излеа кај Велес

Врнежите го наполинја езерото Младост, Вардар се излеа кај Велес

Надојдената река поплави дел од населбите Шорка и Речани во Велес. Целосно поплавени се земјоделските површини,а под вода се повеќе куќи.

Реката се уште надоаѓа па се апелира до жителите од овој регион да ги напуштата домовите.

Овој реон и по неколку пати во годината се поплавува велат жителите.. сепак не паметат вакво излевање на реката Вардар.

Протокот на вода во Вардар денеска е 194 метри кубни вода во секунда што е повеќе споредено со вчерашните 140 метри кубни вода во секунда.

Само 10-тина сантиметри недостасуваат водата да прелие преку браната, а интензивните врнежи од дожд пак го наполнија и езерото Младост.

Од Општина Велес информираат дека тие се во постојан контакт и координација со Кризниот штаб и Регионалниот центар за справување со кризи. Доколку вечерва надојдат нови води по Вардар тие веднаш ќе реагираат за да не дојде до нови излевање на реката кои би ги загрозиле станбените и други објекти долж реката.

Слично

Поврзани вести