Економија, финансии, бизнис

Контакт

Времеплов на ТЕРА ТЕЛЕВИЗИЈА

Времеплов на ТЕРА ТЕЛЕВИЗИЈА

Од 1993 година, па до денес бевме први во многу нешта. Затоа ТЕРА е значајна приказна за нашата локална историја. Ги поставивме темелите на модерната ТВ во Македонија. Собиравме искуства низ светот, но изградивме свој сопствен идентитет.

тера 2

Развивме сопствени формати и продукции кои другите само се обидуваат да ги следат. Се дружевме низ годините,а денес сме благодарни на вечните пријателства со многумина од нашиот тим кои не се повеќе со нас.

тера 3

Бевме  храбри….независни….објективни…кредибилни. Такви сме и денес ! Ги поместувавме границите, создававме проекти кои ги гледа светот. Бевме прва ТВ која го виде потенцијалот на интерентот и социјалните медиуми.

тера 4

Се носевме со “најголемите” и на гледачите секогаш им нудевме можност за избор и личен став. Имаме причини за многу нови родендени. За гледачите постоиме, за гледачите создаваме ТВ. Им даваме повеќе ставови, а изборот е на нив, да изградат свој став.

тера 5

Нашата мисија е да се одржиме на она што сега го имаме, а тоа е да останеме независни. Независноста е голема работа. Тој е нашиот успех кој не може да ни се земе. Бевме први, остануваме први.

тера 6

Ветуваме дека и понатаму ќе славиме слоганот ” ТЕРА ТЕЛЕВИЗИЈА… ТВОЈА ТЕЛЕВИЗИЈА. “

Слично

Поврзани вести