ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА за денеска и утре
Утрово за многумина започна „кисело“ до дожд.
Само до 8 часаот според УМХР наврнале 14 литри дожд на метар квадратен во Пожаране, 13 во Тетово и Маврово, 9 во Скопје (Петровец) и Ѓуриште, 8 во Дебар, Скопје (З.Рид) и Лазарополе.
Денес врнежите во западот нема да престанат, но ќе се намалат претпладне, додека за попладне и вечерта се најавува нов бран кој ќе биде поинтензивен во текот на ноќта, а на одредени места врнежите ќе бидат проследени со грмотевици.
На исток пак иста состојба, попладне послаби врнежи, а како што доаѓа вечерта ќе се интензивираат но ќе бидат послаби од оние во западниот регион.
18°С е температурата која ќе преовладува во текот на денот а на повисоките места ќе се движи околу 16°С.
Во текот на утрешниот ден се очекуваат послаби врнежи за разлика од денешните, а поинтензивни количини на вода се најавуваат за во планинските предели на западниот регион.
