Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВРЕМЕ: Ќе продолжат ли снежните врнежи и утре?

ВРЕМЕ: Ќе продолжат ли снежните врнежи и утре?

Снежните врнежи во западните и северните краеви ќе продолжат и во утрински часови од понеделник.

Во југоисточниот крај кој денеска снегот го заобиколи се очекува врнежите од дожд да преминат  во слаб снег.

Околу пладне облачноста насекаде ќе се намалува, а со тоа ќе престанат врнежите.

Минималната температура ќе има вредност околу -3° низ котлините,a на повисоките места таа ќе се спушти до околу -7°С.Максималната температура во Македонија ќе има вредност околу 0°С низ поголем дел од котлините, а на југоисток само до 3°С. На повиските места максималната температура ќе има вредност околу -3°С, информираат од МЕТЕОПРО.

Ноќта ќе биде студена, со температура под -5°С.

Во скопската котлина сеуште се можни повремени врнежи од снег наутро, а потоа облачноста значително ќе се намали. Денот ќе биде студен.

Минималната температура ќе има вредност околу -3°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност само околу -1°С.

Значително постудено ќе биде во ноќта кон вторник.

Слично

Поврзани вести