Економија, финансии, бизнис

Контакт

Возачи внимание: На патот Лакавица-Неготино има пропаѓање

Возачи внимание: На патот Лакавица-Неготино има пропаѓање

Од АМСМ информираат дека  на патниот правец Лакавица-Неготино на 7км. над село Лескоица има пропаѓање на патот од 200м на кој е извршена санација. Поставена е содветна сигнализација за внимателно управување со возилата. На патниот правец Страцин – Крива Паланка, на излез од Страцин во правец на Крива Паланка, поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Според информациите добиени од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.

Предупредување до возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Слично

Поврзани вести