Вовеле шест часовно работно време, вработените воодушевени од резултатот
Мала преведувачка фирма „Translated By Us“ од Данска вовела шестчасовен работен ден, односно триесетчасовна работна недела за своите вработени.
Сопственикот на фирмата која има само четворица вработени, но е во процес на ширење, Мадс Блучер истакнува дека не се работи за некој „хипи-експеримент“ , туку за многу пресметана одлука, бидејќи на тој начин се добива „зголемена продуктивност и ефикасно раководење“.
Тоа го потврдува и еден од вработените, кој констатира дека сега „стасува да контактира со повеќе клиенти во текот на работен ден“, но и дека е генерално порасположен со нив“.
Можно ли е работно време од 6 часа
Работното време може да се скрати. Сте се сетиле ли на ова или веќе се навикнавме да работиме по осум и повеќе саати дневно, што речиси никому не му паѓа на памет дека работното време еден ден може да биде и пократко. Економистот Горан Николиќ има идеја која за сега звучи неверојатно. Тој смета дека работната недела треба да трае 30 саати, што значи по шест часа дневно.Тој смета дека на тој начин речиси сите луѓе ќе имаат вработување и практично во светот ќе нема невработеност. - Вработените би имале повеќе слободно работно време, а оние кои немаат работа полесно би ја нашле. Во целиот свет денес е привилегија да се има работа. Оној што работи е “цар”, а невработениот е во многу тешка ситуација. Тој не е само економски исклучен туку и социјално. Невработените го чинат пари и здравствениот систем. Секако, ќе имаме помали плати, но предноста за целото друштво ќе биде значајна. Вкупното ниво на платите ќе биде исто или поголемо, само порамномерно распоредено, вели Николиќ. Според него сопствениците на капитал немаат интерес за скратување на работното време бидејќи не им се исплати да обучуваат нови работници, а пократкото работно време ќе значи и поголеми трошоци. Тие би имале повеќе штета отколку корист, но од аспект на целата заедница тоа би било решение на еден убав начин сите заедно да излеземе од кризата. - Многумина не знаат дека француските синдикати се изборија за седумчасовно работно време во 2000-та, па дури и суровиот Саркози не успеа тоа да го промени. Слични реформи се спроведени и во други земји од ЕУ како Германија преку колективно преговарање, вели Николиќ. Повеќето од експертите , додава тој сметаат дека форсирањето на работниците да работат прекувремено е погрешен концепт, бидејќи не само што стануват уморни и склони кон грешки и повреди, туку и нивното незадоволство ја урива продуктивноста.
