Воспаление на уво кај бебиња. Што да превземете ?
Воспалението на увото може често да се јави кај малите деца односно кај бебињата. Статистички гледано повеќе од 70 % од бебињата до својата 3 година барем еднаш добиваат воспаление на увото. Сиптомите често се нејасни, проблематични, а може да дојде и до компликации доколку ненавремено се забележи и не се лекува.
Како да препознаам воспаление на увото кај моето дете?
Воспалението на увото дава многу нелагодни чувства кај детето, а доколку се работи за бебе многу е потешко да се открие за што се работи бидејќи самото не е во состојба да ви покаже што го боли. Еве некои симптоми кои се јавуваат при воспаление на средното уво кај бебе.
Силен плач и реакции на болка и при многу мало потегнување за увото
- Одбивање на храна бидејќи воспалението на увото го прави голтањето болно
- Покачена темперетура
- Воспаление на грлото
- Течење на носот
Слично
