Економија, финансии, бизнис

Контакт

Волшебникот „Хари Потер“ не потрошил ни цент од заработените пари како дете

Волшебникот „Хари Потер“ не потрошил ни цент од заработените пари како дете

„Магично“ управување со финансиите

Актерот Даниел Редклиф кој вечно ќе остане запаметен по улогата на волшебникот Хари Потер досега не потрошил ниту цент од милионите кои ги заработи како дете додека глумеше во вкупно 8 филмови од франшизата. 

Редклиф вкупно инкасирал 98 милиони долари од франшизата која глобално заработи 8 милијарди долари на кино салите, но тој остана прибран тинејџер, не збудале по славата, не западна во зависности од дрога и не го следеа скандали во таблоидите како многу други негови колеги. 

Кариерата ја продолжи со многу квалитетни филмови кои не се обични хитови, туку критичарите ги обожаваат и за нив доби многу независни награди, а често се појавува и на сцените на најдобрите театри. 

Редклиф вели дека тоа што има сигурни пари кои му се заложени во инвестициски куќи го прави слободен и безгрижен и полесно ги носи животните одлуки како млад човек на само 27 години.


Слично

Поврзани вести