Volkswagen е принуден да го запре привремено производството на „Golf“
Германскиот производител на автомобили Volkswagen е принуден за неколку дена да го запре производството на популарниот модел Golf во главната фабрика во Волфсбург, поради конфликт со еден од снабдувачите на делови.
Volkswagen веќе ги информирал партнерите за претстојната пауза од 20-29 август во производството на Golf. Меѓу автомобилскиот концерн и фирмата провајдер продолжува спорот, но за што точно не се прецизира.
Поради конфликтот Volkswagen неколку дена ќе има недостиг на резервни делови за своите автомобили. На фабриката во Емден компанијата префрлила вработени со скратено работно време и планира да преземе слични мерки и во други фабрики.
Слично
