Економија, финансии, бизнис

Контакт

Волксваген ќе ги менува моделите после 5 години

Волксваген ќе ги менува моделите после 5 години

За да се усогласи подобро со потребите и навиките на купувачите, Волксваген ќе го скрати животниот век на една генерација на своите модели на пет години, најавуваат од германскиот произведувач.

Волксваген новиот модел ќе го рестилизира после 3 години, за да после две го замени со следната генерација, изјавил еден од потпретседателите на компанијата Јоерг Соммер.

Не е соопштено дали истата одлука се однесува и на другите автомобилски марки кои соработуваат во рамки на VW групата (Ауди, Шкода и Сеат), што би можело да се случи, ако се знае дека споменатите брендови имаат многу заеднички коли и делови поради намалување на трошковите за развој и производство.

Соммер рекол и дека Волксваген ќе вложи 7 милијарди долари во новите модели и производствени капацитети во САД до 2018 година. Меѓу новите модели ќе биде продукциската верзија на концептот CrossBlue, СУВ возилото со седум седишта.

Автомобилот е наменет исклучиво за американскиот пазар, а ќе се појави во 2016 година.

Од друга страна, купувачите во Европа би требало, наместо овој модел, истата година да ја добијат неговата поефтина верзија во вид на нов Шкодин СУВ.

Слично

Поврзани вести