ВОГ: Кој е најживиот град во Европа и каде го рангираат Охрид?
Престолнината на Србија доби највисоки оцени од списанието Вог и е опишана како најжив град во Европа.
Белград е опишан како совршен спој на минатото и сегашноста.
Вог прави листа на градови на Балканот кои не се многу познати за туристите, а кои треба да се посетат.
Се наведува дека е Белград место со 200 сплавови и дестинација каде можат да се пробаат деликатеси.
Се споменуваат скарата, локалното вино и ракија.
Меѓу места кои треба да се посетат се и Призрен, Охрид, албанскиот град Химару, Трансилванија во Романија, Херцеговина.
Слично
