Економија, финансии, бизнис

Контакт

Водовод Скопје со шест пати поголеми приходи од тужени долгови

Водовод Скопје со шест пати поголеми приходи од тужени долгови

Финансискиот резултат на ЈП Водовод и канализација - Скопје по првите шест месеци, односно по првата половина од 2018-та, е 65 милиони денари подобар од ланскиот за истиот период. Кај зголемените приходи забележливо е тоа што наплатата на тужените долгови (сметки) е шест пати повисока за една година.

Од друга страна, трошоците за хлор и натриум се намалени 3 пати,  за рекламирање – намалени се 5 пати, за осигурување – 43% намалени, банкарските провизии – 52% намалени во однос на истиот период лани, обврските спрема добавувачите се намалени од 362.689.030 на 150.440.287 денари (за 2,5 пати)

Во делот на финансиите, односно расходите и трошоците, „Водовод и канализација“ споредбено со истиот период лани, во првите шест месеци од 2018 година ги намали трошоците за 70.000.000 денари.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ во првите шест месеци од 2018 година имале 8.547 интервенции на водоводната мрежа во градот, односно ја реконструирале водоводната мрежа или изградиле нова мрежа на 33 делници во градот, санирале дефекти на водоводните линии, менувале водомери и други зафати.

Во делот на одржувањето на канализациската мрежа, пак, во истиот период екипите на ЈП „Водовод и канализација“ извршиле 147.594 интервенции, односно ги чистеле канализациските линии и ги одзатнувале, чистеле сливници, поправале шахти и друго.

За извршување на овие активности претпријатието вклучило разновидна механизација – вакуум цистерни, цистерни под притисок, специјализирани возила и друго.






Слично

Поврзани вести