Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Водич за вљубените“ – подарок од издавачкиот центар ТРИ

„Водич за вљубените“ – подарок од издавачкиот центар ТРИ

Издавачкиот центар ТРИ ексклузивно за денот на вљубените, со две купени книги ја подарува и книгата „Водич за вљубените“

Иако можеби важи за еден од најкомерцијализираните празници, наближува 14 февруари Св. Валентин или попознат како денот на вљубените.

Со цел да им го олесни изборот на оние кои сакаат да купат романтичен подарок, издавачкиот центар ТРИ подготви пакет од два наслова „Да можеш да ме видиш сега“ од Сесилија Ахерн и „Посакувам да си тука“ од Франсеск Мираљес, кои доколку ги купите, како подарок ќе ја добиете книгата „Водич за вљубените“.

„Водичот е исполнет со прекрасни совети, факти и анегдоти за љубовта, овој водич ве носи во светот на романтиката преку големите љубовни приказни од сегашноста и минатото, од литературата и од филмот, ви ги нуди најдобрите љубовни рецепти, ве носи на светските топ-дестинации за вљубените и ви нуди уште многу интересни начини да ја изразите љубовта, или пак да го натерате вашиот партнер да го стори тоа. Сѐ што е потребно да знаете за да бидете совршен љубовник, се наоѓа токму во оваа книга“, посочуваа од издавачкиот центар.

Слично

Поврзани вести