Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во стилот на Хотел Руссиа, модерно елегантно и грандиозно, Sky Bar – Hotel Russia вчера беше свечено отворен

Во стилот на Хотел Руссиа, модерно елегантно и грандиозно, Sky Bar – Hotel Russia вчера беше свечено отворен

Хотел Руссиа како и досега уникатни и единствени вчера вечер ги воодушевиjа своите гости со отворањето на својата најнова содржина Sky Bar. Sky Bar-от како концепт е единствен од овој тип на нашите простори а и подалеку, што беше само дополнителна причина гостите да се чувствуваат прекрасно.

sky bar

Лоциран на кровот на самиот хотел, со прекрасен поглед на целото Скопје присутните имаа можност да се запознаат со концептот, да вкусат од специјалитетите кои ќе се служат во истиот и да се опуштат со прекрасна џез музика. Исто така љубителите на пури имаа можност убавиот амбиент да го збогатат со нивното омилено задоволство.

sky bar 4

„Горди сме што можеме да се пофалиме со еден ваков уникатен и единствен објект, место каде што посетителите покрај прекрасниот панорамски поглед ќе можат да уживаат на еден поинаков начин да ги вкусат прекрасните специјалитети со професионална и квалитетна услуга. Модерно место во коешто се надеваме дека посетителите ќе се здобијат со многу нови пријателства и деловни соработки како и да ги негуваат досегашните притоа уживајќи во прекрасен амбиент и пријатна и опуштена атмосфера.“ – изјави Виолета Анѓелковска, директорката на Хотел Руссиа.

sky bar 6

Sky Bar-от ќе биде достапен и за приватни прослави и деловни коктели, самата негова акустична конструкција е одлична за состаноци и презентации. Погледнете дел од атмосферата која владееше за време на отворањето.

[gallery ids="167305,167306,167312,167309,167308,167307"]
Слично

Поврзани вести