Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Скопје Сити Мол се отвори Селфи музеј

Во Скопје Сити Мол се отвори Селфи музеј

Денес се отвори првиот Селфи музеј во нашата земја во Скопје Сити Мол. Посветен на современата визија на автопортретот и љубителите на социјалните мрежи, Селфи музејот е простор од 250м2 дизајниран со интересен ентериер и 18 различни содржини на кои посетителите ќе може да создаваат уникатни фотографии и видеа за социјални мрежи.

Селфи музејот во Скопје Сити Мол е направен по примерот на Селфи музеите низ светот и нуди содржини пригодни за сите возрасти и различни интереси. Посетителите може да се фотографираат и забавуваат, во друштво или сами со оглед на тоа има поставено триподи за самостојно фотографирање, како и лице задолжено за поддршка на посетителите.

„Ги следиме светските трендови и секогаш нудиме незаборавни искуства за посетителите од сите генерации – за шопинг, дружба и забава. Со Селфи музејот, сместен на 1 кат во Скопје Сити Мол им овозможуваме на посетителите да направат сопствени уникатни фотографии за социјални мрежи и да се забавуваат во омилениот трговски центар. И во годината кога Скопје Сити Мол го слави десеттиот роденден остануваме посветени да им обезбедиме на нашите посетители, партнери и пријатели сѐ што им треба на едно место.“-изјави Дамјан Корубин маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.

Селфи музејот во Скопје Сити Мол е со времен карактер, односно ќе биде отворен до 10 март оваа година, секој ден од 10.00 до 22.00 часот, односно во недела до 20.00 часот. Заради мерки за заштита од Ковид-19 дозволен број на посетители во исто време е 15.

Цената на влезницата е симболична 100 денари, или 360 денари за 4 посетители.

Повеќе информации се достапни на www.skopjecitymall.mk

ПР објава

Слично

Поврзани вести