Во Шведска животот е толку добар, да има работа и за мигранти, а за платите да не зборуваме!
Шведска годишно има потреба од 64 000 имигранти како би спречила нарушување на економскиот раст, предизвикан од недостаток на квалификувана работна сила-ова го соопштува Шведскиот завод за вработување.
Генералниот директор на Заводот Микаел Сјоберг рекол дека недостатокот на квалификуван кадар наредната година би можел значајно да и наштети на Шведска.
Од Канцеларијата за вработување наведуваат дека поради недоволен број работно способно население, потребен е поголем број странски работници.
„Стапката на наталитет во Шведска е многу ниска. Домашното население се намалува. За да продолжи понатамошен раст, потребна е работа со самото тоа и поголема популација“, рекол Џон Бишман од Заводот за вработување.
Додал дека поедини компании веќе ги чуствуваат последиците на недостаток на работна сила, нагласувајќи како овој проблем ќе расте и во наредната година.
„Недостатокот на работна сила веќе влијае на јавниот сектор, а наредната година последиците на тоа ќе се почуствуваат кај се повеќе претприемачи. Одреден број приватни компании исто така се погодени од овој проблем кој ќе расте и наредната година“, рекол Бишман.
Според заводот за вработување на Шведска, се намалува бројот на луѓе кои го напуштаат средното училиште пред завршување на школувањето и подигање на старосната граница за заминување во пензија е начин на кој би можела да се ублажи состојбата, но наведуваат дека како долгорочно решение е неопходна имиграција.
Исто така, податоците говорат дека главна причина е тоа што константно породолжува намалувањето на бројот на работно способно население, поради што шведските фирми ангажираат се повеќе странци на одредени работни места.
